Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Како насловната страна на тиражниот македонски весник предизвика општа еуфорија во Србија по пораките од Вучиќ?

(ФОТО) Како насловната страна на тиражниот македонски весник предизвика општа еуфорија во Србија по пораките од Вучиќ?

Насловната страна на еден од најтиражните македонски весници „Слободен печат“ предизвика општа еуфорија во Србија, пишуваат српските медиуми.

На врвот на насловната пишува дека Скопје мирно одговорило на провокацијата од Белград надополнето со големи букви „Браќо Срби ми вас волимо“.

Општиот впечаток ако судиме според лавината на коментари по социјалните мрежи е дека насловната страна на Слободен печат предизвикала позитивни реакции на познати личности од Србија и регионот и претставува „вистински фактор на мир и стабилност на Балканот“.

Ова се некои од твитовите кои тоа го потврдуваат:

На Фејсбук страницата на Слободен печат пак има мноштво пофалби и честитки за насловната страна. Коментарите се повеќе од позитивни и забележливо е дека граѓаните на Србија пишуваат дека и покрај безначајните политичари кои доаѓаат и си одат, пријателството останува.

Слично

Поврзани вести