Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Како Меркел и Макрон ги испратија Заев, Димитров и Османи

(ФОТО) Како Меркел и Макрон ги испратија Заев, Димитров и Османи

Македонскиот премиер Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи се поздравија со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон по завршувањето на Берлинската конференција за Западен Балкан чии покровители се двајцата европски лидери.

„Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност. Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот“, напиша Заев на заминувањето од Берлин.

„Заврши Конференцијата за Западен Балкан во Берлин, под покровителство на Меркел и Макрон: Договорот од Преспа, што беше претставен како модел и инспирација за решавање на големите билатерални спорови во регионот од страна на двајцата европски лидери, е успех што не може да не се вреднува!“, стои во статусот на Димитров.

„Германско-француското помирување инспирација и модел за помирување на народите на западен Балкан како предуслов за одржлив мир, економски развој и евроатлантска перспектива!“, гласеше коментарот на Османи.


Слично

Поврзани вести