ФОТО: Како ќе изгледа новиот клинички центар?
Тој посочи дека многу внимателно, по сите безбедносни стандарди, ќе се отстрани сегашниот објект на чие место веднаш потоа ќе почне градбата на новиот објект во кој Владата инвестира околу 70 милиони евра.
Според плановите, во новиот објект ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести. На страна од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе остане и Клиниката за детски болести, каде ќе биде сместена и детската хирургија. Три ката на Хирургија ќе бидат слепени со овој објект. Со топол премин ќе биде поврзана и новата зграда на Клиниката за гинекологија.- Во објектот ќе се сместат речиси сите клиники од комплексот „Мајка Тереза“, освен Инфективната која намерно е оставена да биде малку понастрана и ќе биде споена со Хирургија. Три ката на хирургија ќе бидат слепени со овој нов објект, а исто така ќе биде поврзан со топол премин и со Клиниката за гинекологија која е веднаш до овој објект, истакна Груевски.
Според сите параметри станува збор за модерен центар чија проекција многу внимателно ја изготвиле експерти кои имаат искуство во вакви објекти во други развиени држави во светот.
Други инвестиции во здравството
Шефот на Владата најави дека клиничкиот центар не е единствен проект во здравството планиран за 2014 година.
Во наредниве месеци ќе се гради нова кичевска болница, нова клиничка болница во Штип, детската клиника во Козле, а во тек е и изградбата на ПЕТ центарот и други проекти.