Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Јанева пред ОБСЕ: Делата нема да застарат, но судот мора да биде поажурен

(ФОТО) Јанева пред ОБСЕ: Делата нема да застарат, но судот мора да биде поажурен

Фото: Фактор

Специјалното јавно обвинителство во моментов води 12 истраги, истакна главната обвинителка Катица Јанева, реферирајќи за првиот преоден извештај пред мисијата на ОБСЕ. За периодот од септември 2015 до јануари 2018 година вкупно 142 лица се обвинети во предметите на СЈО.

Јанева во однос на извештајот на ОБСЕ истакна дека предметите нема да застарат, но дека судовите треба да бидат поажурни.

- Судовите не смеат да бидат селективни кон СЈО. За нашиот најобемен предмет „Титаник“ во текот на септември ќе има само едно закажано рочиште, додека за настаните од 27 април 2017-та има низа од преку 30 закажани рочишта - објави специјалната обвинителка.

Најчестото дело за кое се гонат обвинетите е злоупотреба на службената положба и овластување. Други клучни дела кои ги гони СЈО се злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, повреда на избирачкото право, злоупотреба на постапката за јавен повик, даночно затајување, примање награда за провизаконско влијание. Во два случаи се наведува постоење широки криминални мрежи кои се изведуваат преку криминално здружување.

Во извештајот се наведува дека СЈО води 20 предмети,  и тоа 3 се поврзани со скандалот со прислушување против наводните автори на нелегалното прислушување и 17 предмети кои произлегуваат од прислушуваните разговори и наводните кривични дела кои беа откриени со пресретнатите комуникации.

СЈО од Јавното обвинителство презеде четири предмети – „Монструм“, „Пуч“, „Сопот“ и „Шпион“.

Во извештајот стои дека за 20 истраги на СЈО се подигнати обвиненија заклучно до 30 јуни 2017 година во кои се опфатени 142 обвинети, вклучително и 7 компании. 20 обвиненија се потврдени до крајот на јануари годинава, едно е делумно потврдено, а СЈО во моментов води 12 истраги.




Слично

Поврзани вести