Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) „ЈА ОСЕТИВ СИЛАТА НА КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС, АМА СКОПСКИОТ БЕШЕ ВО ЛЕТО, СЕГА НОСАМ ЌЕБИЊА“: Ова е скопскиот плоштад, во Тетово два пункта за Турција и Сирија

(ФОТО) „ЈА ОСЕТИВ СИЛАТА НА КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС, АМА СКОПСКИОТ БЕШЕ ВО ЛЕТО, СЕГА НОСАМ ЌЕБИЊА“: Ова е скопскиот плоштад, во Тетово два пункта за Турција и Сирија

Солидарните скопјани и воопшто сите граѓани на Македонија деновиве несебично ја покажуваат хуманоста за Турција и за Сирија по разорните земјотреси кои однесоа повеќе од 17.000 луѓе. На скопскиот плоштад се носат кутии со топла облека, ќебиња и храна. Во изјава за Фактор, скопјанката Нена С, која во 1963 година го преживеала скопскиот земјотрес вели дека точно знае како изгледа силата на една природна катастрофа, колкав може да биде стравот и колку е длабока тагата по најблиските под урнатините.

-Денеска донесов ќебиња и топла облека. Нема ништо постаршно од моментот кога удира природата. Го доживеав тоа, но за среќа беше лето. Барем не мрзневме, но и по толку години, кога слушам за волку моќни земјотреси едноставно не ми исчезнуваат сликите на разрушеното Скопје, прашината, плачењето, тагата....Ќе донесам и утре уште нешто, и се додека постои пунктов ќе носам за тие луѓе таму, вели Нена С.

Во Тетово се отворени два пункта и таму се носи тоа што во моментов е најпотребно, топла облека и ќебиња.

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 17.000, но десетици илјади се пријавени дека се повредени во двете земји, додека спасувачите се борат да ги лоцираат преживеаните во урнатините од урнатите згради среде студената зима.

А. Б.

ФОТО: Фактор


Слично

Поврзани вести