(ФОТО) Иванов во Охрид за Велигден
Претседателот Ѓорѓе Иванов со сопругата Маја и синот Иван, по повод големиот христијански празник Велигден, присуствуваа на Велигденска воскресна литургија во храмот „Св. Наум“, во Охрид.
„Ви посакуваме овие празнични мигови да ги поминете во добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов. Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакуваме топлина во домот, хармонија и благосостојба. Честит Велигден. Христос воскресна!“, истакна од кабинетот на шефот на државата.




Слично
