Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Има полиција во Благоевград, а Бугарите на зградите го истакнале бугарското знаме

(ФОТО) Има полиција во Благоевград, а Бугарите на зградите го истакнале бугарското знаме

Бугарските медиуми јавуваат дека има полиција на местото каде денеска ќе се отвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. 

Полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград чие отворање е најавено за денеска, јави репортерот на бугарската ТВ Нова.

На околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња што, според репортерот на ТВ Нова, се случува на државни празници, но очигледна е пораката што треба да ја пренесат денеска.

Во името на клубот, напишано на прозорците на просториите во кои е сместен, се врати буквата ,,м” во ,,македонски” што ја немаше во изминатите денови, но сега недостига друга буква – ,,е”. Кој ги допишува и трга буквите, не е јасно, вели новинарот.

ВМРО-БНД денеска ќе одржи простест, но подалеку од ова место, во центарот на градот кај споменикот на Гоце Делчев.

Европратеникот Ангел Џамбаски повика на протест и тврди дека треба да се заштити бугарскиот интерес. Tрнлив беше патотдо отворањето на клубот. Општината први забрани отворање, но потоа се премисли. Сепак од локалната самоуправа нема да дојдат на отворањето. 

фото скриншот

Слично

Поврзани вести