Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) И ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ДОЈДОА ДА ЈАДАТ ОД ТОРТАТА И ДА МУ ОДАДАТ ПОЧИТ - прослава за првиот претседавач на Собранието кој наполни 100 години

(ФОТО) И ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ДОЈДОА ДА ЈАДАТ ОД ТОРТАТА И ДА МУ ОДАДАТ ПОЧИТ - прослава за првиот претседавач на Собранието кој наполни 100 години

Еден од најстарите живи борци од НОБ, д-р Никола Стојановски, претседател на Сојузот на борците, кој беше претседавач на конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание во земјава, денеска на мала свеченост го прослави својот 100-ти роенден во Собранието. 

На прославата, на која имаше и торта со слика на Собранието и годините на Стојановски, еден од најстарите живи борци го пречекаа претседателот на парламентот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи, како и раководителите на Собраниската служба на чело со генералниот секретар Цветанка Иванова.  

Тие овие фотографии ги објавија и на фејсбук.


„Голема чест и задоволство беше што денес во Собранието на Република Македонија го пречекавме првиот претседавач од историската 1991 година, Никола Стојановски и го обележавме неговиот 100-ти роденден“, напиша на својот фејсбук профил Бојан Василевски, еден од замениците на генералниот секретар на Собранието.

Фото: Фејсбук

Слично

Поврзани вести