ФОТО И ВИДЕО: Патот Дебар - Маврово пуштен, но градот е во проблеми, среќа по 18 часа имаат струја
Патниот правец Маврово - Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила, соопшти денеска АМСМ. Вистински хаос буквално настана таму но и генерално на патот кон Гостивар на Стража вчера кога поради времето и обилните врнежи на неколку места беа паднати дрва и имаше големи одрони. Во километарски колони се чекаше за поминување, а попладнето Маврово - Дебар беше и затворен за сообраќај
Дебар од саботата нема чиста вода за пиење поради заматување во изворот во селото Росоки, а во текот на вчерашниот ден до утрово немаше и струја. Причината за прекинот во напојувањето беше тоа што падна дрво врз далекувод по што МЕПСО со часови го решаваше проблемот.
„Стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16 часовна работа да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток - ТС Шпиље. И со тоа денеска во 04:15 часот да создадат услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија. Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10:35 часот, велат од МЕПСО

Радика е полна, а има и излевања.




