Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото и видео: Меркел го угости Заев во Берлин

Фото и видео: Меркел го угости Заев во Берлин

Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан, заклучиле премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел на работниот состанок кој се одржа пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин. 


Во Берлин Заев е со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.

„Премиерот Заев и канцеларката Меркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.


Премиерот Заев на средбата нагласи дека соработката, пријателството и реформите кои ги спроведува земјата се сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите во текот на летото, стои во владиното соопштение.


Слично

Поврзани вести