Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО И ВИДЕО: Мечето Теди се ослободи од кафезот, од денеска ќе живее во „Паркот на танцувачките мечки“, во резерватот Бјелица

ФОТО И ВИДЕО: Мечето Теди се ослободи од кафезот, од денеска ќе живее во „Паркот на танцувачките мечки“, во резерватот Бјелица

По силни напори, активистите за заштита на животните успејаа на мечето Теди од штипската зоолошка градина, конечно да му овозможат живот без заробеништво. Новинската агенција Франс Прес објави видео од трансферот на Теди која од ужасните услови за живот се сели во Бугарија и ќе живее во резерватот Бјелица на огромно пространство без да биде затворена во кафез.

Активистите за заштита на животните велат дека лошите услови за живот кај мечето предизвикале анксиозност, како и повреди на шепите.

-Мечето Теди наместо да живее во лоши услови, во мал кефез со решетки, сега ќе биде пренесено во бугарскиот резерват Бјелица, наречен „Паркот на танцувачките мечки“. Преселбата“ на Теди е оовозможена со помош на македонски активисти за заштита на животните. Резерватот Белица кој се простира на 150.000 квадратни метри е финансиран од фондацијата на Брижит Бардо и светската организација за заштита на животни „Четири шепи“. Се надевам дека ова нема да биде единственото спасено мече, изјави Тина Мицевска. 


Слично

Поврзани вести