ФОТО: И Мијалков отиде на осветувањето на црквата „Свети Константин и Елена“
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков присуствуваше на осветувањето на црквата „Свети Константин и Елена“, на ул. „Македонија“.
Тој беше меѓу голем број граѓани, верници, високи владини претставници, пратеници, политички партии и дипломатскиот кор кои присуствуваа на осветувањето кое го водеше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со архијереи од МПЦ-ОА. Неговото присуство беше забележано од камерата на МРТ.
Оваа црква почна да се гради во времето кога тој беше директор на некогашната УБК, а неговиот братучед, Никола Груевски, премиер на Македонија.
Мијалков издржуваше тригодишна казна затвор за случајот ,,Империја”, а беше и осомничен и првостепено осудуван за неколку предмети кои потоа беа враќани на повторно судење - дел од нив и застареа.
