Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) И Ѓорчев и Милошоски со семејни фотки посакаа Среќна нова година

(ФОТО) И Ѓорчев и Милошоски со семејни фотки посакаа Среќна нова година

Празниците се период од годината во кои семејствата имаат можност да поминат повеќе време заедно, ако се земе предвид фактот дека некогаш работните обврски не им го дозволуваат тоа на многумина.

Деновиве се нижат новогодишни честитки, а со најблиските пораки за здравје, среќа и љубов во новата 2020 година упатија и пратениците Владимир Ѓорчев и Антонио Милошоски.

Со фотографии од семејствата пратениците преку социјалните мрежи упатија честитка за новата година на 31 декември пред стрелките на часовнкот да се спојат и да го означат стартот на 2020.

„Среќна Нова година‼️ Многу љубов, здравје и среќа.

Влатко, Сузана, Марта, Филип, Никола и Катерина Ѓорчеви“ - напиша на Фејсбук Ѓорчев.




Милошоски пак вака ја честиташе новата 2020 година:

„Благодариме на Дедо Боже за 2019та, кога Илина доби прво запче и крштевка, Михаела прво возење со автобус, Давид прв пат пеперутки во стомакот, Дариа прв пат на заболекар..., а и ние покрај нив многу насмевки и воздишки!
На сите Ви пожелуваме Среќна Нова 2020 Година, со многу здравје и добри вести!“  - напиша пратеникот на ФБ.



Среќна нова година со фотка од семејството на   Фејсбук посака и вицепремиерот Бујар Османи.


Слично

Поврзани вести