(ФОТО) Хрватскиот сабор го ратификуваше приемот на Македонија во НАТО пред Илија Димовски
Хрватскиот Сабор со 116 гласа „за“ го ратификуваше Протоколот за прием на Македонија во НАТО. Денеска се очекува истото да го стори и собранието на Црна Гора.
Хрватска е петта земја која го ратификува Протоколот за прием на Македонија во Алијансата, по Грција, Словенија, Албанија и Бугарија.
Присутни пред хрватскиот Сабор како гости беа пратеници од македонското Собрание, меѓу кои Фросина Ременски од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично
