ФОТО: ХАОС ЗА ПАРКИНГ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - скопјани се рекреираат, ама сите дојдоа со своите автомобили
Во Градскиот парк во Скопје владее вистински „митинг“ од граѓани кои убавото време сакаат да го искористат за да прошетаат на воздух со своите најблиски.

Од тие причини е вистински подвиг да се најде слободен паркинг, бидејќи се зафатени сите паркиралишта.

Па така, мора да се чека за да се ослободи место, што создава нервоза кај граѓаните кои дојдоа да го посетат ова излетничко место во центарот на главниот град.

Слично
