ФОТО: Хаос на градилиште во центарот на Скопје, пропадна дел од улицата - падна бандера, оштети возила, граѓаните револтирани
Градилиштето заедно со заштитните огради на улицата Теодосија Гологанов, карди кафулете „Интермецо“ се излизгало, при што оградите пропаднале во дупката која е ископана, но истовремено се срушила и бандарата на улицата, која паднала врз паркиран автомобил.
Граѓаните од околинте згради веќе револтирано кометираат оти предупредувале дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, поради што денеска се случил сериозен одрон на земјиштето.

Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и тротоарот се буквално „влезени“ во ископот.
Жителите од околните згради велат дека уште од стартот предупредувале на небезбедното копање и недостатокот на соодветна заштита. и претходно објавија дека имало свлекување на земјиштето и проблеми со стабилноста на теренот.

За среќа, засега нема информации за повредени лица, но граѓаните стравуваат дека ваквите ситуации можеле да завршат многу потрагично.
Се очекува инспекциските служби и надлежните институции да утврдат дали биле почитувани сите безбедносни стандарди и кој ќе понесе одговорност за инцидентот.

Фото: Граѓани
