Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Хан пристигна во Скопје - Стартуваат средбите со високи ЕУ политичари

Фото: Хан пристигна во Скопје - Стартуваат средбите со високи ЕУ политичари

Утрово во Скопје пристигна Јоханес Хан, европскиот комесар за проширување и добрососедска политика кој во Владата на Република Македонија беше пречекан од премиерот Зоран Заев. 

Со тоа стартуваа и официјалниот дел од посетата на Хан, кој доаѓа со повод, а тоа е објавата на извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во кој е нотирано дека политичката криза е завршена, а нашата земја без никакви дополнителни услови добива чиста препорака за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија. 

Во рамките на официјалната посета Комесарот Хан и делегацијата на ЕУ ќе се сретнат со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владина делегација во Клубот на пратеници на заеднички работен појадок и официјална средба. 

По завршувањето на средбата Заев-Хан ќе има и обраќање пред медиумите.  

Потоа во текот на денот ќе пристигне и високата преставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могорени која исто така ќе се сретне со македонскиот премиер Заев и со останатиот политички врв на Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести