(ФОТО) Груевски стана редовен на судењата
Опозицискиот лидер Никола Груевски во придружба на екс владиниот портпарол Александар Георгиев претпладнево дојде во суд.

Денеска треба да продолжи рочиштето за случајот за обвиненијата за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година каде осомничен е лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Според најавите на денешното рочиште, се очекува да почне доказната постапка.
Во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, покрај Груевски, обвинети се уште 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.
Слично
