Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Груевски со сопругата гласаше во Скопје

Фото: Груевски со сопругата гласаше во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој претендира да освои нов премиерски мандат, околу пладне, го оствари своето право на глас, а заедно со него беше и сопругата Боркица која исто така гласаше. 

Груевски за медиумите не даде поголема изјава, освен дека очекува фер и демократски избори и дека граѓаните ќе го дадат својот глас за политичката иднина на земјата. 

- Ова е денот кога граѓаните треба да го кажат своето мислење, да излезат масовно да гласаат, да го остварат своето избирачко право и да го дадат своето мислење за тоа како и во кој правец во идните години треба да се движи Македонија, истакна Груевски.

Екс премиерот гласаше во основното училиште Кузман Јосифовски Питу.


Слично

Поврзани вести