Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Груевски официјално нов мандатар-Неизвесна новата Влада!

(ФОТО) Груевски официјално нов мандатар-Неизвесна новата Влада!

И официјално претседателот Иванов го назначи првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски нов мандатар.

Груевски сега има 20 дена да формира нов Владин кабинет, а на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Од Алијансата за Албанците, партија која заедно со ДУИ и Беса во саботата стана дел од новата платформа со која настапуваат албанските партии во формирањето на влада, велат дека нема да учествуваат во составувањето на новата влада ако мандатор е Никола Груевски, осомничено лице од СЈО, категоричен е Зулфи Адили од Унитети.

Oтткуа произлегува и неизвесноста за формирањето на Владата.

Адили за Фокус тврди дека во Унитети нема промена на ставот поткрепен и во Платформата што ја поддржаа партиите на Албанците, која е основа во преговорите за формирање на новата влада.

Според изходот од изборите ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ 49, додека ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2.

Она што засега е неизвесно со кој екс премиерот ќе ја прави новата Влада.  

Доколку екс премиерот не успее да формира Влада вториот носител на мандатот ќе биде СДСМ.

Слично

Поврзани вести