Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГРАЃАНИТЕ ТРПЕЛИВО ЧЕКААТ ПРЕД БАНКИТЕ - дел се и досегашни клиенти на Еуростандард банка

(ФОТО) ГРАЃАНИТЕ ТРПЕЛИВО ЧЕКААТ ПРЕД БАНКИТЕ - дел се и досегашни клиенти на Еуростандард банка

Граѓаните трпеливо чекаат пред банките. Застанати во ред и со маски, целосно според прописите за заштита од ковид-19, денеска повторно застанаа пред банкарските порти за да ги завршат своите финансиски работи. 

Дел од нив се и досегашните клиенти, односно граѓани кои имале свои сметки во Еуростандард банката. 

Откако врз оваа банка е отворена стечајна постапка, тие беа информирани дека ќе мора да одберат друга банка преку која ќе сакаат да им стигнува плата, пензија, или социјалната помош, и дека треба да отидат во банката што ја одбрале, со цел да си отворат нова сметка. 

А бројот на граѓани кои чекаат пред банките се зголеми и заради тоа што сега комуналните сметки не може да се плаќаат преку Македонски пошти, зашто со пропаѓањето на Еуростандард банка е блокиран и платниот промет на поштите.

Вчера врз Еуростандард банката беше отворена стечајна постапка, а за стечаен управник беше назначен Душко Тодевски. Првото рочиште за утврдување на долговирте на банката ќе се одржи на 10 октомври годинава.

Инаку, пребарувањето покажува дека во април 2018 година Душко Тодевски бил назначен за стечаен управник на Експорт импорт банката на Методија Смиленски, на која и беше одземена дозволата за работа.

Сега стечајниот управник треба да пресмета колку пари должи Еуростандард, а колку побарува и треба да наплати.

А НБМ вчера соопшти дека е заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

Фактор, пак, денеска објави дека ланскиот извештај на Еуростандард банка не бил објавен на Берзата, а надлежните институции имаат свои објаснувања како заради законските празнини, немале ингеренции да ја принудат банката да го презентира извештајот, или за тоа да ја санкционираат. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести