(ФОТО) Граѓаните се собраа во Скопје за сеќавање на жртвите од пожарот во Кочани
Граѓани вечерва се собраа на плоштадот во Скопје, со цел да им оддадат почит на жртвите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава.
Се навршија шест месеци од пожарот. Организаторите, иницијативата „Кој е следен“, најавија дека вечерва на плоштадот ќе биде поставено сандаче за писма, во кое секој може да остави порака за семејствата на жртвите. Пораките, со кои на семејствата треба да им се покаже дека не се сами во својата тага, идната недела ќе бидат однесени во Кочани.
И во Кочани денеска имаше марш во чест на загинатите.
фото Фактор







Слично
