Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Град Скопје се подготвува за невреме

ФОТО: Град Скопје се подготвува за невреме

Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, соопшти на Фејсбук, Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„ Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот.  Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, целосно е мобилизиран, а екипите ќе бидат постојано присутни на терен, подготвени навремено да интервенираат и да се справат со можните последици. Сите расположливи човечки и технички капацитети се ставени во функција, со цел заштита на граѓаните, имотот и градската инфраструктура, како и спречување поголеми штети“, соопшти тој.

Слично

Поврзани вести