Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГОРАТ ГУМИ, ЦРН ГУСТ ЧАД ОД ЖЕЛИНО КОН ТЕТОВО: „Не се дише, не отруја“!

(ФОТО) ГОРАТ ГУМИ, ЦРН ГУСТ ЧАД ОД ЖЕЛИНО КОН ТЕТОВО: „Не се дише, не отруја“!

Граѓани на Тетово кои се обратија до редакцијата на Фактор велат дека густ црн чад се извива над градот, без да знаат од каде доаѓа.

-Не се дише тука, не отруја...не ни знаеме што е ова што гори во моментов. Воздухот смрди и веднаш се чувствуваат проблеми во дишните патишта, велат тетовци.

По оваа информација која ја добивме, стигна соопштение од Центарот за управување со кризи во кое се појаснува дека станува збор за пожар во Желино во кој горат гуми.

ТППЕ Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во с. Желино кај подвозникот кон с. Сиричино (Опш. Желино). Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, но нема опасност пожарот да зафати соседни објекти. Се очекува целосно гаснење за максимум два часа, велат од ЦУК.


ФОТО: ЦУК и ФАКТОР

Слично

Поврзани вести