Фото: Голем протест во Скопје за одбрана на македонското име и идентитет
Поголем број на демонстранти денеска излегоа во Скопје на главниот градски плоштад да испратат порака дека македонското име и националниот идентитет мора да се сочуваат и да не се прават никакви остапки кои ќе го повредат достоинството на народот.

Предводени од неформалната организација „Нашето име е наше право“ демонстрантите укажаа дека Македонија не смее да се откаже од уставното име, ниту да прави промени на Уставот на Република Македонија со цел да го реши деценискиот спор со Грција која не блокира за членството во ЕУ и НАТО.

Исто така дел од демонстрантите побараа ослободување на предводниците на „За заедничка Македонија“ кои протестираа на Крвавиот четврток по што дојде до упад во Собранието на Република Македонија.

Дел од демонстрантите се членови на патриотските здруженија како „Тврдокорни“, „Ќосето“, ветераните од „Македонски одбранбени сили“ и останатите кои се најактивни изминатиот период.
Р.Ф.
