Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ГДУ: Светиот крст се фрлаше каде што има фекалии

(ФОТО) ГДУ: Светиот крст се фрлаше каде што има фекалии

Партијата ГДУ денеска излезе со соопштение дека празникот Богојавление - Водици во Ново Село, Штип, минал со фрлање на светиот крст во води каде што има фекалии.

Иако лани беше потпишан договор за донација, се уште не е спроведен колекторскиот систем во оваа општина, а во меѓувреме градоначалникот беше уапсен и осуден на затворска казна за шверц на цигари.

– Погледнете како изгледа системот и каде денеска беше фрлен Светиот крст во водите на река Брегалница. Додека верниците скокаа во светите води на реката, фекалии им капеа на главите. Тоа не им сметаше на локалните челници да се сликаат, снимаат и да објаснуваат колку големи верници и одговорни политичари се. Вакво сквернавење на настанот и Светиот крст не се памети во историјата на Христовата вера никаде по светот! Додека премиерот Заев повикува да се очистиме од гревовите кои сме ги направиле во светите води, неговиот потпретседател Бочварски ги искапи штипјани во фекалии. Срам, резил и огромна неодговорност, соопшти ГДУ.


Слично

Поврзани вести