(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот
Дваесет и осмо издание на Златна Буба Мара на популарноста. Годинава под мотото „Вештачка интелегенција за Владата, природна забава за народот“. Познат декор, преполна Сала „Борис Трајковски“, гламурозна сцена, одлично озвучување, симфониски оркестар составен од најдобрите музичари... Рецепт за одлична забава. Спектакл којшто се раскажува 365 дена. Жирант за добра забава. Но, да одиме по ред... И простете ако заборавам некого или нешто, зашто спектаклот траеше точно 4 часа и 20 минути.

Како и претходните години, и оваа година Златна Буба Мара на популарноста покажа должно внимание и почит кон музиката, театарот, сликарството и литературата, иако годинава ги заборави филмот и телевизијата. Или тие не беа доволно интересни во изминатите 365 денови? Не би рекле. Додели само една награда од областа на спортот, за спортски трајни вредности на легендарниот центархалф Илија Најдовски, а ги подзаборави ракометарите и ракометарките.
Целиот опширен извештај за синоќешната Златна Буба Мара на популарноста читајте го на Женски магазин.

Иако, рака на срце, големото шоу почна со атрактивен бајкерски настап на самата сцена, но и на видео бимот. Само кој го виде, ако се има предвид дека публиката сѐ до 20 часот и 30 минути полека ја полнеше слата Борис Трајковски, иако беше потенцирано дека настанот ќе почне точно во 20 часот. Пусти стари навики, кој ли ќе ги искорени? А може па и не е сѐ до народот? Околу ниту една сала во светот не е забрането паркирање, освен кај нас. Па кутрите возачи редовно мораат половина час да се снаоѓаат низ тесните улички во Карпош, а само двете отворени врати во Салата и огромниот ред за влез – се посебна приказна. А за што е паркингот пред салата, за украс?
Дел од најавите и годинава беа снимени со гласот на легендарниот Благоја Крстевски, кој е еден од најредовните гости на Буба Мара сите овие 28 години. И почна шоуто, кое крајно оптимистички беше замислено да трае до 23 часот и 30 минути...
Повеќе детали и фотографии од вчерашниот настан почитувани читатели, на Женски магазин