Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Фитнес сали, работилници, игралишта: Ѕирнете во новите објекти во Идризово

(ФОТО) Фитнес сали, работилници, игралишта: Ѕирнете во новите објекти во Идризово

За осудениците во КПУ Идризово денеска се промовирани два нови објекти изградени по најсовремени европски стандарди и затворски правила.

Фитнес сали, работилници, ќелии за лица со посебни потреби се само дел од заеднички простории кои ќе ги користат осудените.

Во Идризово денеска беше министерката за правда која кажа дека владата се залага за подобрување на условите, за искоренување на сите облици на кршење на човековите права, превенирање на можностите за тортура и нечовечко и понижувачко постапување и казнување.

Рената Дескоска денеска ги отвори вратите на новоизградениот дел на Казнено поправниот дом Идризово .

Токму таму веќе се гледа една поинаква слика која ветува подобри услови за осудениците но и подобрување на кртиките кои ги добиваше Македонија досега во поглед на затворските ќелии, за несоодветните услови и нехуман третман на лицата кои се на издржување казна затвор.


Слично

Поврзани вести