(ФОТО) Остварен сон на генерација хематолози: Филипче со момчето со кое испиша историја во македонското здравство
Филип боледуваше од акутна миелобластна леукемија. По трансплантацијата тој е во одлична здравствена состојба, насмеан и полн енегрија. Веќе размислува како да стане амбасадор на сите кои сакаат да донираат коскена срцевина, напиша министерот Венко Филипче на социјалните мрежи и сподели заедничка фотографија со Филип.

„Со него ја направивме првата трансплантација на матични клетки од несроден донор во Македонија и испишавме историја во македонското јавно здравство. Го остваривме професионалниот сон на една цела генерација хематолози, пишува Филипче.
Слично
