Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО ФАКТОР: СЕ ЗАПАЛИ ЈАВНОТО СТАНБЕНО ПРЕТПРИЈАТИЕ - на терен Пожарна и Полиција

ФОТО ФАКТОР: СЕ ЗАПАЛИ ЈАВНОТО СТАНБЕНО ПРЕТПРИЈАТИЕ - на терен Пожарна и Полиција

Пред само половина час избил пожар во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Од фотографиите на Фактор може да се забележи дека за гаснење на пожарот дошле да интервенираат едно противпожарно возило, а на терен дојде и полиција, со полициско возило.

Може да се забележи и дека на кровот на една од бараките интервенираше едно службено лице.

Нашите извори кои беа очевидсци на пожарот велат дека според нивните претпоставки не станувало збор за голем пожар, и тие се надеваат дека тој е веќе локализиран.

Немало интервенции ниту кај граѓаните во околината на пожарот.

Во овој момент нема вработени во Јавното станбено претпријатие, па не се очекува дека внатре би имало некој кој евентуално би можел да биде повреден.

Слично

Поврзани вести