(ФОТО) Еве колку треба да платите на новата грчка патарина веднаш после граница
Грција и официјално ја пушти во употреба новата патарина кај Евзони која е поставена само 500 метри од границата со Македонија.

Ако се враќате во државата планирајте дека тоа ќе ве чини вкупно 3,60 евра или 220 денари.
Тарифата за мотори е 1,30 евро, за автомобили, односно моторни возила со или без приколка со висина до 2,70 метри ќе плаќаат 1,80 евра, камиони и автобуси со помалку од четири оски со или без приколка и висина над 2,70 метри ќе плаќаат 4,50 евра, додека пак најскапо, 6,30 евра, е за камиони и за други возила со четири или повеќе оски со или без приколка и висина од над 2,70 метри.
Колку пари ќе искешираат Грците годишно од Македонците од оваа патарина?Најмалку 7 милиони евра годишно ќе и носи на Грција новата патарина кај Евзони, оддалечена само 500 метри од границата со Македонија. Ова го покажуваат грубите пресметки базирани на статистичките податоци за протокот на патнички автомобили и камиони низ најфреквентниот премин на македонско- грчката граница кај Богородица.
