(ФОТО) Емануел Макрон го пречека Пендаровски
Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва присуствувал на вечерата пред Парискиот мировен форум.
„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици', напиша на Фејсбук шефот на државата Стево Пендаровски.
Франција стави вето на одлуката за почеток на преговори со ЕУ, поради што во земјава има високи очекувања од оваа средба.
Слично
