Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

Како елитниот дел од македонските разузнавачки и полициски сили би се справил и би елиминирал потенцијални терористички структури во земјава, денеска било презентирано на показна тренинг акција, на која присуствувал целиот овој полициски и разузнавачки врв во земјава. 
На показната вежба присуствувал и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. 
Тој на својот фејсбук профил објави информација и фотографии од показната вежба, на која присуствивал со првите луѓе на АНБ, БЈБ, специјалните сили, СВР Скопје и ЕБР и ТИГАР. 
„Денеска на покана од страна на специјалните единици на МВР, ја следев показната тренинг акција за справување и елиминирање на терористички структури на разни теренски прилики.

Акцијата ја следев заедно со директорот на БЈБ Алескандар Јанев, диркеторот на АНБ Бојан Христовски, началникот на специјалните сили Сашо Зенговски, началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, мојот колега Александар Стојковски и командните структури на специјалните единици “ЕБР” и “ТИГАР”. Македонија е горда на овие момци, тие се тука секогаш кога е најпотребно! За Македонија“, напиша Костовски на фејсбук.

Фото: Фејсбук статус Дарко Костовски

Слично

Поврзани вести