ФОТО: „ЕКОКАТАСТРОФА: ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО МЛАДОСТ - ДЕНЕС“: „Додека хотели и други викендички никнуваат како печурки“
Фејсбук страната „Шиљо магазин“ објави страотна фотографија од велешкото езеро Младост.
„Велешко езеро Младост, денес.
Додека хотели и други викендички никнуваат како печурки, на езеро Младост му се заканува Е к о к а т а с т р о ф а“, стои во објавата на фејсбук.
Пред неколку дена беше објавено дека водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес, а која со години се користи за наводнување, рекреација и риболов е со лош квалитет ризична по здравјето на капачите и по опстанокот на живиот свет, стои во заклучокот од официјалниот извештајот изготвен од стручен тим од неколку доктори на науки од ЈНУ Хидробилошки завод Охрид, а на барање на ЈП за водостопанство „Лисиче“ Велес, а кое стопанисува со водата на езерото и врши редовни испитувања.
ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена
