Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Еди Рама не се откажува од патиките

(ФОТО) Еди Рама не се откажува од патиките

Премиерот на Албанија Еди Рама останува доследен на својот бунтовен стил на облекување кој ретко друг политичар го практикува поради сериозноста на функцијата. 

Својата индивидуалност премиерот Рама ја покажа и во Скопје на Самитот 100 посветен на регионалната соработка.

Рама дојде во класично одело со неговата препознатлива црвена кравата, но еден детаљ мораше да се издвои во неговиот стил, а тоа се црните спортски патики со висок ѓон. 

За разлика од него сите премиери кои учествуваа на панелот за подобрување на соработката во регионот вклучувајќи го и македонскиот премиер носеа класични чевли. 

Најголеми критики Еди Рама претрпe кога на вечерата за премиерите од Балканот на покана на Федерика Могерини од ЕУ во Брисел се појави со неформално сино сако, шарена маичка со принт и бели патики. Потоа Рама повеќе внимаваше на стилот и не ги брануваше медиумите од регионот со модните одлуки.

ФОТО ФАКТОР

Слично

Поврзани вести