Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Џес Бејли својата последна посета како амбасадор на САД во Македонија ја оствари кај исклучен член на ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) Џес Бејли својата последна посета како амбасадор на САД во Македонија ја оствари кај исклучен член на ВМРО-ДПМНЕ

Американскиот амбасадор Џес Бејли пред неговото отповикување, односно завршување на дипломатскиот мандат како амбасадор на САД во Македонија и, како што самиот најави, пензионирање го посети градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Ова беше негова последна работна посета во неговиот мандат, информираа од кабинетот на Јанчев. Оттаму не соопштија повеќе детали за средбата.

Ова е втора посета на Бејли во канцеларијата на Јанчев, откако заедно со помошникот државен секретар на САД за Еевропа, Метју Палмер, се сретнаа со Јанчев пред референдумот.

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ беше исклучен од партијата откако осум пратеници се одметнаа од опозициската група и гласаа за отворање на уставните измени во согласност со Преспанскиот договор, создавајќи го потребното двотретинско мнозинство.


Слично

Поврзани вести