Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Двајца млади од Витез почнале необичен бизнис…

ФОТО:Двајца млади од Витез почнале необичен бизнис…

Јосип Гариќ и Викторија Миличевиќ од Витез, БИХ почнале еден необичен бизнис.

Бидејќи Миличевиќ студира на Земјоделско-прехранбениот факултет во Сараево, сакале да почнат да се занимаваат со нешто ново, таа да го искористи своето знаење и да заработат дополнителен приход. Се одлучиле за необичното дрво, кинеската пауловнија.

„Се одлучивме за пауловнијата како дрво на иднината и не се покајавме. На почетокот беше тешко, имаше промашувања, но еве произведовме 3.500 садници од кои две веќе се продадени. Оние од прва класа ги продаваме, а оние од втора класа не ги нудиме воопшто. Цената на една садница е три марки и сме задоволни. Наредната година планираме да произведеме 20.000 садници“-вели Гариќ.

еее

Миличевиќ објаснува дека теоријата ја претвориле во пракса и успеале да направат клонирана пауловнија која добро поминува на пазарот.

Ова дрво расте брзо, и може да се користи за пелети или изработка на мебел.

ббб

ццццц

ддд

Слично

Поврзани вести