Фото: Дупките во општина Центар нема кој да ги пополни од декември
Граѓани до редакцијата на Фактор се пожалија на неажурноста на општина Центар, конкретно за улицата Људевит Гај каде има голем број на дупки и раскопи кои воопшто не се поклопени.

Станува збор за улици во близина на прескапата Боемска која во двата краци достигна вредност од над 1 милион евра. Исто граѓаните така велат дека повеќе пати реагирале до општината но, досега не добиле никаков одговор.


Вчера беше покрената и акцијата цвеќе од „Центар сака да дише“ за секоја дупка во општина Центар како подарок со кој граѓаните сакаат да го потсетат градоначалникот Жерновски да се фати за работа.
Слично
