Фото: Дрво падна врз градинка во Автокоманда, среќа кога нема деца внатре
По вчерашната нова дестабилизација на временските услови во Скопје со засилен ветер дрво падна врз градинка во населбата Автокоманда, за среќа во текот на викендот кога внатре нема деца.

Родителите чии деца одат во оваа градинка револтирано прашуваат зошто ова дрво не било проверено и навремено исечено, бидејќи можело да предизвика многу посериозно последици. Денес екипа на ЈП Паркови и зеленило интервенираше и го отстрани паднатото дрво
Вознемирените родители посочуваат дека станува збор за два објекта на градинката кои се еден до друг, а во близина има уште барем десетина сомнителни дрва кои со некое наредно невреме повторно може да предизвикаат уште поголема штета, па затоа некој мора да преземе одговорност.
Х.С.
Слично
