Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Дрво падна и оштети возило во Центар

(ФОТО) Дрво падна и оштети возило во Центар

Во Општина Центар падна дрво и оштети возило. 

Градоначалникот Саша Богдановиќ информира дека службите го отстраниле дрвото. 

„Вчера, во непосредна близина на влезот на ООУ „Коле Неделковски“, падна уште едно дрво. При извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов. Екипи на ЈП Паркови и Зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветер“, наведува Богдановиќ. 

За отстранувањето на дрвја во оваа општина имаше многу критики од граѓаните. 

Слично

Поврзани вести