(ФОТО) Дрвце во дупка за битолската градоначалничка
По повод денешниот празник 8 Март советничката група, симболично, и го честиташе празникот на битолската градоначалничка Наташа Петровска, ставајќи дрвце во дупките на улиците во Битола.

Од „Поинаку“, која освои две советнички места на локалните
избори во октомври, имале намера на овој начин да ја поздрават Петровска која,
според нив, до сега ги одбила сите нивни предлози на Совет на општината.
Целта е и да се отворат очите на
градоначалничката за состојбата на градот.


Слично
