Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Драматично во Мала Речица - Закана од голема поплава

Фото: Драматично во Мала Речица - Закана од голема поплава

Доцна синоќа во Мала Речица во тетовскиот крај беше доста драматично, откако поголема количина на вода се слеваше низ селото под закана да ги поплави каналите и потоа да настрадаат и самите куќи.

За среќа ноќта помина без посериозни штети и поголемо излевање на водата. 

Според Центарот за управување со кризи, тетовскиот крај има голема акумулација на води од обилните врнежи од дожд, како и од топењето на снегот на планинските предели и состојбата е критична на повеќе точки, особено покрај течението на реката Вардар. 

Од ЕЛЕМ е побарано и да биде намалено производсвото на електрична енергија.

Состојбата треба будно да се следи, а вчера веќе заседаваше Комитетот за управување со кризи од каде беа донесени повеќе заклучоци до надлежните институции, па да се надеваме дека до поголеми последици со поплавите нема да дојде. 

Слично

Поврзани вести