Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Дожд и град во Скопско и Кумановско

(ФОТО) Дожд и град во Скопско и Кумановско

Нестабилност со пороен дожд и грмежи вечерва има во Скопската котлина, и во Кумановско. Оваа нестабилна облачна маса е со правец на движење кон североисток, но се очекува да се задржи над ова подрачје во наредните час до два.

„Многу силно невреме. За кратко време падна многу град и грмеше“ - вели една кумановка и додава дека долго време не видела вакво нешто. 

Во ноќните часови исто така ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источната половина од Македонија. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Попладнево во Македонија времето беше значително облачно со локални врнежи од дожд, кои на места беа поројни и проследени со грмежи. 

Утре само во крајните западни и источни делови ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи. Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а за викендот. 

Фотографии од невремето се појавија на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести