(ФОТО) Додека штипската болница тоне во мизерија, општината дава стотици евра за ѕвездите на Пастрамалијада секоја година
Веќе со години наназад граѓаните апелираат на ужасни услови во штипската болница.
Досега само празни ветувања се ширеа од устите на политичарите, а новиот министер за здравство пред два дена реши да ја посети оваа болница која ниту повеќе ниту помалку, личи на хорор.
Откако стана опозиција ВМРО ДПМНЕ постојано во јавноста лиферува соопштенија во кои упатува разни обвинувања до власта за работата во сите сектори.
Овој пат Арбен Таравари со фотографии од местото на настанот (Штипска болница) на социјалните мрежи сподели ужасни фотографии од кои секој би се згрозил а не да отиде таму на лекување.
Министерот вели дека фотографиите се само мал дел од тоа што му оставиле од нивните здравствени политики.
И додека граѓаните се приморани да се лекуваат во мизерни хигиенски услови, мајките да се породуваат во услови како од пред неколку века, општината Штип секоја година се расфрла со илјадници евра за странски пеачи на Штипската пастрамалијада.
Така ќе биде и годинава.
Лани сумата која ја „лапна“ Здравко Чолиќ остана тајна, иако јавноста шпекулираше дека ги забавувал Штипјани и гостите за околу 80 000 илјади евра.
Оваа година Лепа Брена и Парни Ваљак се ѕвездите со кои општина Штип преговара за настап на овогодинешново издание на Пастрмалијадата а социјалните мрежи ги преплавија плакати со реклами за гостувањето на Брена во Штип на 16 септември.

Манифестацијата „Штипска Пастрамајлијада“ годинава ќе се одржи од 15 до 17 септември на потегот од Градскиот стадион до кружениот тек „Дујле“ во Штип.Организаторите на прес-конференција најавија настап на познати македонски и странски интерпретатори, а очекуваат и околу 180 илјади гости.
Во текот на трите вечери гостите на „Штипската Пастрамајлијада“ ќе ги забавуваат познати македонски и странски интерпретатори. Ќе настапат Сузана Спасовска, Јелена Розга, Галија, Дивље Јагоде, Лепа Брена, Тања Савиќ, Есма бенд и бугарскиот бенд Кикимора.
И.С.