Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Димитров и Османи на средба со наследничката на Меркел

(ФОТО) Димитров и Османи на средба со наследничката на Меркел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска во Берлин се сретнаа со Анагрет Крамп Каренбауер, претседателката на владеачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ, кој лани по 19 години на оваа функција ја замени неприкосновената канцеларка Ангела Меркел.

„Имаме исклучително важни два дена на средби и активности во Берлин. Германија е наш клучен европски партнер и поддржувач и нашата цел е овие два дена на нашите германски пријатели да им понудиме што повеќе аргументи за тоа зошто заслужуваме да го направиме следниот чекор кон Европската унија и да ги отвориме пристапните преговори. Затоа новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ ја запознавме со тоа каде Република Северна Македонија беше пред неполни две години и каде е денес, како пример за добар сосед и стабилен и веродостоен партнер во Регионот. Постигнавме многу и продолжуваме да работиме со сите напори и дома и надвор, за заедно со нашите партнери да обезбедиме дофатлива европска перспектива за земјата” - истакна министерот Димитров.

Тој и Османи во Берлин реферираат за напредокот во спроведување на реформите во областите предвидени во заклучоците на минатогодишниот самит на Европската Унија, како клучни критериуми пред овогодинешниот самит на ЕУ во јуни, кога се очекува конфирмација на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

„Анагрет Каренбауер е новата претседателка на ЦДУ, чија поддршка на процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан претставува континуитет наметнат од нејзината претходничка Ангела Меркел, поддршка која е особено изразена кон европските перспективи на Република Северна Македонија“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести