Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Дежурните наставници го разубавуваат едно од скопските училишта

(ФОТО) Дежурните наставници го разубавуваат едно од скопските училишта

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на Фејсбук објави фотографии од наставници кои садат цвеќе во училиште додека нема настава. 

„Во текот на периодот на ротациони дежурства во училиштата, наставниците и техничкиот персонал одлучија времето да го искористат за зазеленување и разубавување на училиштата и училишните дворови. Вработените од ООУ „Ј.Х. Песталоци" се пример како треба да се грижиме за работната и животната средина и како да создадеме подобри услови за нашите деца“, пишугва Богдановиќ. 

Во меѓувреме во училиштата нема настава како превентивна мерка за заштита од коронавирусот. 

Во Македонија денеска има нови 4 заразени со коронавирус. 

фото Фејсбук


Слично

Поврзани вести