Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Депонија покрај плоштад, чешма за вода претворена во корпа

Фото: Депонија покрај плоштад, чешма за вода претворена во корпа

Долгогодишната изградба на новите градежни објекти на плоштадот Македонија во главниот град создаде една многу грда слика пред кејот на реката Вардар, особено делот кој го поврзува плоштадот во правец кон Градскиот парк. 

Патеката веќе со години е на дрвена платформа, со расковани шајки и олабавени даски, но тоа е и најмал проблем бидејќи велосипедистите, пешаците и рекреативците веќе ја научија кај делот во кој градскиот кеј е пресечен од новите објекти кои се издигнуваат во самата река Вардар како галијата Ројал Македонија и фамозното Панорамско тркало. 

Тоа што најмногу ја создава грдата слика е што токму во овој дел на патеката чешмата со вода која некогаш служеше за освежување на минувачите од високите температури сега е претворена во корпа за отпадоци. 

Целиот дел е преполн со ѓубре што е тотален контраст на сите напори за промена на сликата на централниот плоштад и содржините покрај кејот на Вардар, за што одговорност секако имаат и самите несовесни минувачи, но и градските власти и инвеститорите кои оставија овој простор сам по себе да се нагрди.


Слично

Поврзани вести