(ФОТО) Демолирани па вратени новите табли на спомениците во Центар
Таблите со новите објаснувања на спомениците од „Скопје2014“ се вратени откако утринава беа затекнати демолирани.

Таблата со појаснување под споменикот Воин на коњ е вратена во првичната положба а објаснувањето кое стои под истата е дека тој споменик е историска фигура во чест на Александар Велики која и припаѓа а на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.

Вратена е и таблата на споменикот на Олимпија а исчезната е само таблата под споменикот на Филип Втори.


Слично
