(ФОТО) Дедото на Тамара во суд, викната брза помош
Од свои извори пред Суд ФАКТОР дознава дека во моментов Брза помош пристигнала пред Суд .
Претходно во Кривичен со полициско комбе беше спроведен Љупчо С. дедото на малата Тамара кај судија на претходна постапка, а кој вчера неуспешно испука два проектили кон екс министерот за здравство Никола Тодоров.

Не е познато во каква здравствена ситуација е дедото, но извесно според наши извори од терен е дека брзата помош била викната за него.
Утрово се огласи и ОЈО откаде соопштија дека се бара притвор за напаѓачот на Тодоров.
Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 во врска со член 19 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.
