ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Данела Арсовска го врати споменикот на Ќосето

(ФОТО) Данела Арсовска го врати  споменикот на Ќосето

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека на булеварот Александар Македонски во Скопје е вратен споменикот на Андон Јанев Ќосето, кој претходно беше отстранет од поранешниот градоначалник Петре Шилегов поради симболизирање на насилничко владеење.

„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија.

Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава.“, објави Арсовска.


ad
Слично

Поврзани вести